Мбапе ги повика ѕвездите на ПСЖ на роденден, па доби неочекуван „подарок“ 📸

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе синоќа во Париз го прослави својот 23. роденден, а забавата ја организираше во еден ресторан во Париз.

На забавата беа повикани сите членови на ПСЖ, а многумина тоа го разбраа како збогување од екипата затоа што на крајот на сезоната планира да го напушти клубот.

На роденденот се појавија речиси сите членови на првиот тим на ПСЖ, а неговите соиграчи имаа интересен „подарок“ за Мбапе.

На социјалните мрежи се појави фотографија од Мбапе кој позира со соиграчите и држи дрес на кој го пишува неговото име, но и „2050“ и јасно е дека неговите соиграчи сакаат да остане во тимот.

Тие се пошегуваа со Мбапе и му дадоа дрес на ПСЖ со кој мораше да позира, а јасно е дека така сакаа да претстават дека потпишал нов договор до 2050 година.