Мбапе го чека долга пауза, ќе го пропушти дербито со Атлетико Мадрид


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Реал Мадрид славеше со 3-2 против Алавес, но го загуби францускиот напаѓач Килијан Мбапе на подолг период.

Медицинските прегледи покажаа дека Мбапе има посериозна повреда поради која ќе паузира три недели.

Со ова згасна и последната надеж дека Мбапе ќе биде подготвен за градското дерби против Атлетико Мадрид.

Французинот ќе ги пропушти и средбите против Лил во Лигата на шампиони и Вилјареал во Ла Лига.