Мбапе го обвинија дека има „список за отстрел“, па реши да ги замолчи сите!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Килијан Мбапе потпиша нов договор со ПСЖ, иако сите очекуваа да се пресели во Реал Мадрид, па поради тоа беше критикуван од светската јавност.

Се шпекулираше дека Мбапе, освен големата плата, добил можност да им ја одредува судбината на неговите соиграчи, а набрзо се појави список на кој имаше 13 фудбалери кои мора да заминат од клубот.

Мбапе, наводно, побарал од газдата на тимот да му даде отказ и на тренерот Маурицио Покетино, но набрзо пристигна реакција од Французинот.

Мбапе реши да испрати кратка порака на социјалните мрежи и да порача дека сите шпекулации за неговата моќ во Париз се лажни.