Мбапе го потпиша и остави дресот за посебен гостин на трибините 🎥


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Килијан Мбапе синоќа ја наполни мрежата на Барселона во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони откако постигна три гола во триумфот од 4-1 на ПСЖ.

Мбапе стана еден од ретките на кои им успеало тоа против каталонскиот гигант, а ПСЖ во овој меч имаше посебна поддршка од трибините.

Еден од ретките кои беа на трибините беше УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов. Тој дојде да го поддржи францускиот гигант од трибините, а по мечот во негови раце заврши дресот на Мбапе.

„За Хабиб од Мбапе“, напиша младиот Французин на дресот од натпреварот.