Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на ПСЖ вечерва на свој терен го совладаа Нант со резултат од 2:0 на натпреварот во 16. коло од француската Лига 1.
ПСЖ успеа да дојде до нови три бодови и покрај тоа што Нант пружија многу добар отпор. Мрежата на гостите се затресе при крајот на првото полувреме кога Нејмар постигна гол, но судијата со помош на ВАР технологијата го поништи истиот поради фаул.
Меѓутоа, на самиот почеток на второто полувреме ПСЖ успеа да дојде до водство од 1:0 кога Ди Мариа одлично му асистираше на Мбапе кој мајсторски со пета го совлада гостинскиот голман.
Нант неколку пати проба да дојде до израмнување, но сето тоа беше решено во 85. минута кога судијата свирна пенал за ПСЖ. Одговорноста ја превзеде Нејмар кој беше сигурен и успеа да дојде до конечен резултат од 2:0.
ПСЖ и понатаму останува на првото место со 36 бодови, додека Нант останува девети со 23 бодови. Треба да се додаде дека ПСЖ има натпревар помалку од второпласираниот Марсеј кои имаат 31 бод.