Мбапе им кажал на колегите дека заминува од ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе ќе си замине од ПСЖ на крајот на сезоната, а тоа го потврди и новинарот Фабрицио Романо.

Познатиот новинар објави дека Мбапе веќе им кажал на неговите соиграчи дека змаинува од Париз.

Мбапе денеска им ја соопштил одлуката на фудбалерите, откако во текот на денот се појави информација дека Реал Мадрид му испратил официјална понуда.

„Кралевите“ се многу блиску до потпис со Мбапе, а францускиот голгетер го има последниот збор.