Мбапе имал состанок со газдата на Челси – се „крчка“ ли трансфер?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе имал состанок со газдата на Челси, Тод Боели на стадионот на Доџерс, а популарниот новинар Фабрицио Романо ја потврди информацијата.

Романо објави дека Мбапе планира да го напушти клубот во јануари, а веќе за него се заинтересирани неколку тимови, но ПСЖ нема толку лесно да го пушти Французинот.

Мбапе се надевал дека со новиот тренер ќе добие шанса да игра на напаѓачката позиција, но Кристоф Галтие го користи како крило и поради тоа францускиот напаѓач не е среќен.

Иако имаше шпекулации дека Мбапе би можел да потпише за Реал Мадрид, сепак не се очекува такво нешто затоа што Французинот претходно ги изигра луѓето од шпанскиот гигант и поради тоа му се лути и навивачите на шампионот.