Мбапе истрча пола терен за пет секунди и постигна историски гол 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Килијан Мбапе игра во неверојатна форма, а во дербито во 30. коло од францускиот шампионат одигра еден од најдобрите натпревари, додека ПСЖ славеше со 4-2 против Лион и се врати на првата позиција.

Мбапе го постигна првиот и четвртиот гол, а неговиот втор погодок беше историски затоа што стигна до бројката од 100 гола во Лига 1. Освен тоа, францускиот напаѓач го постигна на сличен начин како и пред три дена.

Французинот се ослободи од противникот со неверојатен спринт преку половина терен, а потоа без проблеми ја затресе мрежата на домаќинот.