Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
На средината на октомври, шведските медиуми објавија информации за наводна истрага против Килијан Мбапе за случај на силување, што предизвика голема врева во јавноста. Францускиот фудбалер веднаш реагираше на социјалната мрежа „Твитер“, отфрлајќи ги обвинувањата како „лажни вести“.
Во неодамнешно интервју за „Canal+“, Мбапе повторно ја коментираше ситуацијата, нагласувајќи дека нема добиено никакви официјални известувања или контакти од шведските надлежни органи.
„Бев шокиран кога ги видов тие вести. Се работи за нешта кои доаѓаат од никаде и не можат да се предвидат. Немам добиено никаква покана, ниту било каква информација. Само го прочитав истото што и сите останати. Ниту шведските власти не се огласија за ова, па немам причина за грижа. Во ниеден момент не се почувствував вознемирен поради тие обвинувања“, изјави Мбапе.