Мбапе ќе биде промовиран пред 80.000 навивачи на „Сантијаго Бернабеу“


Англија преживеа, Турција по ново изненадување! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе и официјално е член на Реал Мадрид од 1 јули оваа година, откако му заврши договорот со ПСЖ.

„Диарио АС“ откри кога ќе биде промовиран Мбапе пред публиката, а тоа се очекува на 16 јули пред 80.000 навивачи на „Сантијаго Бернабеу“.

Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез исто така ќе го претстави Мбапе со дресот со број девет, а од следната сезона се очекува Французинот да ја преземе „десетката“ од Лука Модриќ.