Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ел Дебате“ објави дека Рела Мадрид во следниот период ќе го нападне потписот на Килијан Мбапе, кој не сака да ја продолжи соработката со ПСЖ.
Според медиумот, „кралевите“ сакаат Мбапе да дебитира за тимот уште во првото коло од шпанската Ла Лига, кој се игра на 12 август против Атлетик Билбао.
Мбапе има договор со парижаните до јуни 2024 година, а притоа беше најавен и состанок меѓу фудбалерот и претседателот на тимот, Насер Ал Келаифи.
Ал Келаифи наводно ќе се обиде да го убеди Мбапе да потпише нов договор, а доколку не се случи тоа, тогаш ќе го стави на трансфер-листа и ќе му бара нов клуб уште летово.