Мбапе ќе му „забие нож во грб“ на Реал Мадрид?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одличниот француски фудбалер Килијан Мбапе има договор до крајот на сезоната со ПСЖ и ќе биде слободен во потрага на нов тим, доколку не реши да ја продолжи соработката со лидерот во Лига 1.

Тоа не изгледа како нереална опција, иако трансферот во Реал Мадрид е речиси реализиран. Француски „Ле Паризиен“ пишува дека Мбапе сè уште размислува дали да ја продолжи соработката со ПСЖ или да си замине.

Дополнителна причина поради која би можел да остане во Париз е доаѓањето на Зинедин Зидан следното лето на кормилото на ПСЖ.

Мбапе претходно кажа дека Зидан му бил најголем идол, па сигурно ќе има желба да соработува со него, а очигледно ПСЖ е идеално место за такво нешто.

Французинот сезонава на 26 натпревари постигна 18 голови и 15 асистенции.