Мбапе купува куќа во Мадрид, трансферот е на повидок?


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Килијан Мбапе сака да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид и затоа одби да го продолжи договорот со ПСЖ на уште една година.

Шпанските медиуми пишуваат дека Мбапе почнал потрага по куќа во Мадрид, а тоа е најава за неговиот трансфер во гигантот.

ПСЖ бара 200 милиони евра за младата ѕвезда, но притоа ризикува да го загуби целосно бесплатно ако не го продаде во текот на летото.

Реал Мадрид игра паметно во случајот и не сака да испрати 200 милиони евра за услугите на францускиот репрезентативец, со кој наводно веќе постигнал договор за личните услови.