Мбапе лут како рис: Не доаѓај во Мадрид, не треба да играш овде!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во вторникот вечерта, Реал Мадрид ја победи Бенфика со 1:0 во натпревар од плеј-офот за осминафиналето на Лигата на шампионите, одигран на Да Луз во Лисабон.

Веднаш по голот на Бразилецот, започна хаос. Винисиус ги испровоцира навивачите и играчите на Бенфика поради прославата, по што Аргентинецот од редовите на португалскиот тим, Џанлука Престиани, му рече дека е “мајмун”.

Сега Мбапе рече дека Престиани не треба да патува на реваншот во Мадрид.

„Мислам дека Џанлука Престиани не треба да дојде на Сантијаго Бернабеу, најдобриот стадион во светот. Тој не го заслужува, не треба да игра овде“, изјави Мбапе.