„Мбапе може да биде голем проблем за Реал Мадрид“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе на крајот на сезоната ќе замине од ПСЖ и ќе му се приклучи на Реал Мадрид, иако тоа сè уште чека официјална потврда од клубовите.

По објавите на светските медиуми за трансферот на Мбапе, со коментар се јави и Емануел Пети кој смета дека Французинот би можел да биде и проблем за „кралевите“.

„Не знам што ќе се случи. Мбапе пред две недели кажа дека наскоро ќе го даде својот одговор. Можеби ќе оди во Мадрид, можеби ќе остане во Париз. Ако замине во Реал, тоа може да биде проблем. Не само во однос на платите, туку и во однос на лидерството. Белингам е неверојатен, исто како и Жуниор“, кажа Пети.