Мбапе најави: Си заминувам од ПСЖ на крај на сезоната!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе ќе го напушти ПСЖ на крајот на сезоната, а тоа го потврди во видео кое беше објавено на неговиот официјален профил.

Мбапе досега не ги коментираше шпекулациите за неговата иднина, но сега конечно призна дека ќе си замине од клубот.

Младиот напаѓач во недела ќе го одигра последниот меч за парижаните против Тулуз на „Паркот на принцовите“.

Засега не е познато каде ќе ја продолжи неговата кариера, иако се шпекулира дека ќе го облече дресот на Реал Мадрид.