Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот гигант Реал Мадрид остана без услугите на Винисиус Жуниор кој ја повреди левата нога во мечот против Леганес (3-0).
Бразилецот ќе паузира најмалку еден месец, а шпанска „Марка“ пишува дека најмногу на повредата на Винисиус се „израдувал“ Килијан Мбапе.
Мбапе ќе ја преземе позицијата на Винисиус во екипата, односно ќе заигра на неговата природна позиција, додека во шпицот најверојатно ќе игра Ендрик.
Францускиот напаѓач оваа сезона настапи на 17 меча за „кралевите“, а притоа постигна девет голови и две асистенции.