Мбапе не бил единствен: Уште еден фудбалер на ПСЖ се сели во Реал Мадрид!?


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Реал Мадрид бара засилувања пред почетокот на следната сезона, а на листата на желби на Флорентино Перез е Килијан Мбапе, иако нема намера летово да потроши многу пари за негов трансфер.

Шпанските медиуми пишуваат дека уште еден фудбалер на ПСЖ би можел да се пресели во поранешниот шпански и европски шампион.

Агентот на Ашраф Хакими, Алехандро Камано во интервју за шпански „АС“ вели деак фудбалерот би можел да се врати во клубот.

„Ако Реал сака да потпише со него, подготвени сме да преговараме. Ако го прашате, ќе ви каже дека е навивач на Реал Мадрид“, вели агентот.