Мбапе не доаѓа сам: „АС“ објави спектакуларна насловна со новите засилувања на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпански „АС“ на насловната страна најави доаѓање на Килијан Мбапе во Реал Мадрид. Не е тајна дека ѕвездата на ПСЖ сака да потпише за шпанскиот гигант, иако денеска пристигна информација дека шеиците му испратиле богата понуда.

Мбапе нема сам да дојде на „Сантијаго Бернабеу“, односно „АС“ најавува дека во екипата треба да пристигнат и Антонио Рудигер и Орелиен Чумени.

Рудигер е еден од најбараните стопери на светот затоа што има договор со Челси до лето, по што може бесплатно да си замине од клубот.

Чумени би требало да го напушти Монако, откако сезонава заигра во феноменална форма и заслужено привлече интерес на себе.

Реал сезонава стигна до полуфинале во Лигата на шампиони (ЛШ), а блиску е и до освојување на титулата во Ла Лига.