Мбапе не е омилен во Париз: Познат е новиот капитен на ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот Луис Енрике одби да ја искористи можноста да постави нов капитен на ПСЖ и им дозволи на фудбалерите да го направат тоа.

Во гласањето најголем дел од играчите беа за Бразилецот Маркињос кој останува со капитенската лента на раката, а притоа уште тројца играчи добиле гласови.

„Радио Монте Карло“ објави дека Данило Переира завршил зад Маркињос, додека третата позиција му припаднала на Преснел Кимпембе, а Килијан Мбапе добил само еден глас, и тоа од Ашраф Хакими.

Мбапе очигледно не е омилен меѓу своите соиграчи во Париз, затоа што во изминатиот период одби да потпише договор и беше на праг да замине од екипата.