Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Францускиот напаѓач Килијан Мбапе ова лето си замина од ПСЖ и потпиша за Реал Мадрид, но очигледно сè уште има нерасчистени сметки со поранешниот клуб.
Медиумите пишуваат дека ПСЖ сè уште не му ги исплатил парите за бонус, односно околу 100 милиони евра, а Мбапе не планира да им го прости долгот.
ПСЖ не сака да ги уплати парите затоа што смета дека веќе потрошил премногу пари на развојот на Мбапе, а францускиот голгетер си ги сака парите кои му следат според договор.
Мбапе планира да поднесе тужба по Европското првенство (ЕП) во Германија и да ја добие правдата.