Мбапе: Немам што да кријам, постојат нови детали, би можел да останам во ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Светските медиуми постојано пишуваат дека францускиот напаѓач Килијан Мбапе ќе замине од ПСЖ на крајот на сезоната и ќе се пресели во Реал Мадрид, но сè уште ништо не е готово.

Мбапе се јави во медиумите по шпекулациите и кажа дека сè уште не донел одлука и може да остане во Париз.

„Сè уште не сум донел одлука и тоа сите го знаат. Размислуваме заедно со моето семејство што е најдобро. Постојат нови детали кои треба да се разгледаат пред да ја донесам конечната одлука. Кога ќе решам што ќе правам, сите ќе дознаете. Не сакам да направам грешка во мојата кариера. Дали постои можност да останам во ПСЖ? Секако дека постои“, вели Французинот.