Мбапе ни на небо, ни на земја, кој може да му верува на Перез?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Флорентино Перез, наводно, се помирил со тоа дека нема да ангажира ниту едно звучно засилување освен Давид Алаба, кој ќе пристигне на слободен трансфер.

Перез вели дека приходите на Реал Мадрид се слаби и поради тоа не може да си дозволи голем трансфер од типот на Халанд или Мбапе.

„Приходите на Реал од ТВ права, маркетинг и влезници се намалени и не може да си дозволиме нови фудбалери. Без Суперлигата, нема засилувања од типот Халанд или Мбапе“, вели Перез.

Мбапе засега не го продолжува договорот со ПСЖ и покрај одличните понуди зашто сака да го засили Реал, но засега конкретна понуда од Мадрид нема.

иако се соочи со барање да каже што ќе прави со неговата иднина, сепак Мбапе не сака да одговори на ултиматумот.