Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот фудбалер Килијан Мбапе уште нема потпишано нов договор со ПСЖ, што значи дека би можел и да си замине летово доколку не стави потпис на нова соработка.
Парижаните не сакаат да ризикуваат и да го загубат својот играч на слободен трансфер, па поради тоа најверојатно ќе го продадат, а за неговите услуги е заинтересиран Реал Мадрид.
„Кралевите“ се една од причините поради кои Мбапе не сака да потпише нов договор со вицешампионот на Франција, а младиот напаѓач за медиумите откри некои детали кои досега не ѝ беа познати на јавноста.
Реал сакаше да го купи во 2014 година, кога во екипата ги имаше Кристијано Роналдо и Зинедин Зидан, но и покрај состаноците со нив, Мбапе реши да остане во Франција.
„Сакав да играм фудбал, но и да го продолжам моето образование. За да заминеш во Шпанија, иако таму беше Зидан, сепак тоа е друга држава, друга култура… на почетокот беше тешко да се соочам со таков притисок“, вели Мбапе.
Французинот досега одигра 171 меч за францускиот вицешампион, а притоа постигна 132 гола.