Мбапе одбил огромен бонус од ПСЖ


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Францускиот голгетер Килијан Мбапе не сакал да го прифати бонусот од ПСЖ во висина од 80 милиони евра.

Медиумите пишуваат дека Мбапе сакал да покаже дека парите не му се на прво место, туку спортот.

Мбапе оваа сезона постигна 13 голови на 11 меча во Лига 1, а има договор со парижаните до 2024 година.

Французинот веќе две сезони го поврзуваат со Реал Мадрид, но најверојатно нема ниту идното лето да се пресели во Шпанија.