Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Килијан Мбапе конечно се запиша во листата на стрелци во шпанската Ла Лига и најави многу голови во продолжение на сезоната.
Мбапе постигна два гола против Бетис, по што опиша како се чувствувал.
„Ова е момент за кој долго сонував. Се надевав дека ќе постигнам гол на Сантијаго Бернабеу. Тоа е легендарно место и најдобриот стадион на светот. Најважно е тоа што успеавме да победиме“, кажа Мбапе.