Мбапе откри дали ќе потпише за Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе ги демантираше шпекулациите во медиумите дека во зимскиот преоден рок ќе се пресели во Реал Мадрид.

Французинот има договор до лето со ПСЖ и имаше најави дека во јануари ќе потпише договор со Реал за да може гигантот од Париз да заработи пари од трансферот.

„Не, нема да се случи тоа. Нема во јануари да се преселам во Реал Мадрид. Играч сум на ПСЖ, среќен сум и 100% ќе останам во екипата до крајот на сезоната. Ќе дадам максимум за да ги освоиме сите трофеи“, кажа Мбапе.

ПСЖ во моментов е лидер во Лига 1 со 13 бода предност пред Ница, додека Мбапе е прв стрелец на екипата со девет погодоци, а исто така има и осум асистенции.