Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младата ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе призна дека сака да го напушти францускиот клуб и да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид.
Французинот даде интересно интервју за „Л’Екип“ во кое без влакна на јазикот зборуваше за трансфер драмата која се случуваше летово, како и за доаѓањето на Лионел Меси во тимот.
Мбапе откри дека нема намера да потпише нов договор со парижаните до крајот на следното лето.
„Останав во ПСЖ и среќен сум, но далеку сум од потпишување на нов договор. Сакав да заминам ова лето, со оглед на тоа дека два месеци не разговаравме за нова соработка. Во моментов мислам само на Реал Мадрид. Мислам дека моето време во Париз е завршено. Меси е одличен и привилегија е да се игра со него, но не влијаеше на мојата одлука да заминам“, вели Мбапе