Мбапе побарал да замине од ПСЖ, предност ќе има гигант од Англија?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Килијан Мбапе е подготвен да си замине од ПСЖ и веќе е познато во кој клуб сака да ја продолжи кариерата.

За талентираниот француски фудбалер ќе се борат многу гиганти, а најмногу се поврзуваше со Реал Мадрид, но „Тајмс“ објави дека фаворит е Ливерпул.

И покрај тоа што е потребна неверојатна сума на пари за да се купи Мбапе, сепак Ливерпул ја разгледува таа можност на лето.

Новинарот на „Тајмс“, Данкан Каслс е убеден дека фудбалерот е подготвен да го облече црвениот дрес и да заигра на „Енфилд“.

На Мбапе му се допаѓа и Манчестер јунајтед, но сигурно би биле примамливи повици и од Реал Мадрид и Барселона.