Мбапе поставил ултиматум: Ако не ги прифатите парите од Реал, ќе си одам бесплатно!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе сака да ја продолжи кариерата во шпанскиот гигант Реал Мадрид, откако веќе неколку пати одби нови понуди од ПСЖ.

Младиот фудбалер поставил ултиматум пред раководството на ПСЖ дека не сака да остане во Париз и дека негова желба е да го носи „кралскиот дрес“.

Шпанските медиуми претходно објавија дека Реал испратил понуда од 180 милиони евра, а ПСЖ бара дури 200 милиони евра.

Познатиот новинар и мајстор за трансфери Фабрицио Романо објави дека Реал нема да понуди повеќе од 180 милиони евра, а притоа откри што кажал Мбапе на главните луѓе во ПСЖ.

Според негови информации, Мбапе јасно порачал дека сака да се пресели во Мадрид, а доколку тоа не се случи летово, тогаш Французинот ќе замине целосно бесплатно следното лето.