Мбапе постигна договор со Реал – како ќе реагира ПСЖ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кадена СЕР“ објави дека францускиот напаѓач Килијан Мбапе постигнал договор со Реал Мадрид и ќе добива по 50 милиони евра годишно.

Мбапе ќе потпише петгодишен договор, односно до јуни 2028 година, а Реал во договорот ќе му вметне откупна клаузула од милијард аевра.

Ова дефинитивно ќе ги налути главните луѓе во Париз затоа што претседателот Насер Ал Келаифи веќе неколку пати повтори дека Мбапе мора да замине летово, ако не сака да потпише нов договор со ПСЖ.

Засега не е познато колку пари би платил шпанскиот тим за потписот на Мбапе, иако претходно се шпекулираше за сума над 200 милиони евра.