Мбапе потпиша за Реал Мадрид: Ќе бидам дел од клубот од моите соништа


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе и официјално е ново засилување на Реал Мадрид, откако денеска потпиша договор со шпанскиот и европски шампион.

Мбапе објави фотографија од детството на која носи дрес на „кралевите“, а притоа кажа дека Реал е клуб од неговите соништа.

„Многу сум горд што ќе бидам дел од клубот од моите соништа. Едвај чекам да ве видам, мадридисти и ви благодарам за големата поддршка“, кажа Мбапе.