Мбапе повторно на тренинг, подготвен за следните натпревари на Реал Мадрид


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Францускиот фудбалски ас Килијан Мбапе ја надмина гастроентеритисот кој го мачеше во претходните денови и сега е повторно на тренинзите на Реал Мадрид.

Поради здравствените проблеми, Мбапе беше неколку дена во болница, а потоа тренираше индивидуално под надзор на клубскиот медицински тим за да ја врати својата физичка форма.

Реномираниот новинар Фабрицио Романо потврди дека Мбапе е целосно рехабилитиран и ќе биде достапен за следните натпревари на „кралскиот клуб“.

Фото: Grok AI