Мбапе повторно се обидува да биде поголем од Реал, но нема да му успее (Видео)

Килијан Мбапе направи невиден потег на натпреварот со Алавес. Последните неколку минути ги помина веднаш покрај линијата на теренот и едвај чекаше да побегне од него.

Килијан Мбапе и Винициус Жуниор беа дочекани „на нож“ од навивачите на Реал Мадрид. Добиваше големи свирежи на Бернабеу и тоа не му се допадна.

Вечерва постигна гол во победата од 2:1, доби награда за играч на натпреварот, но на крајот повторно направи неубав потег.

Во последните неколку минути на натпреварот против Алавес, Французинот буквално беше залепен за линијата на теренот. Речиси и не учествуваше во играта.

Само чекаше да заврши натпреварот. Кога судијата означи крај, Килијан го соблече дресот, му го подари на тренерот на Алавес, Кике Санчез Флорес, и одлета кон соблекувалната.

.