Мбапе предизвика „војна“ во соблекувалната на Реал Мадрид


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид месецов потпиша договор со Килијан Мбапе, кој официјално ќе му се приклучи на новиот тим од 1 јули кога ќе му заврши соработката со ПСЖ.

Пристигнувањето на Мбапе треба да го зголеми квалитетот во нападот на „кралевите“, но очигледно предизвика и проблеми во соблекувалната на Карло Анчелоти.

Дел од членовите на екипата не се среќни поради доаѓањето на Мбапе и се плашат за своето место во составот, а посебно незадоволен е Бразилецот Родриго.

Поради тоа имаше и шпекулации дека Родриго ќе биде продаден ова лето, а веќе неколку гиганти покажаа интерес за неговите услуги.