Мбапе претера, па тренерот мораше да им се извини на новинарите (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот фудбалер Килијан Мбапе е еден од најталентираните фудбалери во светот, но сепак некогаш го покажува и неговиот лош карактер, а такво нешто се случи и на прес-конференцијата пред дуелот против Јувентус во Лигата на шампиони (ЛШ).

Новинарите го прашаа со што би патувал во иднина на гостинските натпревари, а тој почна иронично да се смее, а позадина на тоа е што парижаните на последниот дуел во француското првенство заминаа со авион, иако и другата инфраструктура на државата е во одлична состојба.

Новинарот го праша Мбапе дали ќе патува во иднина со авион или брз воз на гостувањата, а напаѓачот почна да се смее, по што тренерот Галтие мораше да се извини.