Мбапе претставен во Реал Мадрид: Ми се оствари сонот! (Фото)


Ќе има борба за награди на Fantasy Premier League ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе беше промовиран како ново засилување на шпанскиот шампион Реал Мадрид.

Мбапе на презентацијата пред 85.000 навивачи на „Сантијаго Бернабеу“ кажа дека му се исполнил сонот да го облече кралскиот дрес.

„Неверојатно е да се биде во Мадрид, сонував долго време да заиграм за Реал и конечно си го остварив сонот. Сакам да се заблагодарам на претседателот Флорентино Перез за поддршката. Имам уште еден сон, а тоа е да освојам многу титули и да испишам историја во клубот“, кажа Мбапе.