Мбапе прифатил нов договор со ПСЖ, но со клаузула за Реал Мадрид?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот голгетер Килијан Мбапе штрајкуваше одреден период во ПСЖ затоа што бил незадоволен, но по разговорите со претседателот на тимот, Насер Ал Келаифи, тој реши да се врати на теренот.

„Тутомеркато“ пишува дека Мбапе наводно постигнал договор со парижаните за продолжување на соработката до 2026 година, но во истиот да има и клаузула за Реал Мадрид.

ПСЖ претходно се закани дека ќе го остави Мбапе надвор од тимот до крај на сезоната ако голгетерот не потпише договор, но потоа се смирија страстите.

Засега не се познати деталите од договорот, односно колку плата ќе добива Мбапе, како и дали и колку висока ќе биде клаузулата за трансфер на Французинот во Реал Мадрид.