Мбапе призна: Бензема одигра одлична сезона, треба да ја добие „Златната топка“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Франс Фудбал“ ги објави номинираните фудбалери за „Златната топка“, а најголем фаворит за престижната награда е францускиот напаѓач од редовите на Реал Мадрид, Карим Бензема.

Бензема има коефициент од 1.05 дека ќе ја осови наградата, по што следи Килијан Мбапе од ПСЖ со коефициент 15, а речиси без шанси се Мохамед Салах, Вирџил Ван Дајк и Садио Мане.

Мбапе призна дека неговиот сонародник одиграл неверојатна сезона и заслужува да ја добие престижната награда.

„Карим има 34 години, но ја одигра најдобрата сезона во кариерата. Тој ја освои Лигата на шампиони и реши многу натпревари со неговите голови. Ако сум на негово место и не ја освојам наградата, повеќе никогаш нема да ме интересира ‘Златната топка’“, кажа Мбапе.