Мбапе „расчисти“ со ПСЖ – сè поблиску е до потпис со Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новинарот Фабрицио Романо објави дека францускиот напаѓач Килијан Мбапе јасно кажал дека заминува од ПСЖ, а негова следна дестинација ќе биде Реал Мадрид.

Мбапе вчера настапи од клупата за резерви, затоа што тренерот Луис Енрике сакал да го одмори по настапот во Лигата на шампиони (ЛШ).

Французинот влезе од клупата и постигна гол, а според Романо оваа одлука дефинитивно била на тренерот поради замор, а не затоа што Мбапе заминува од тимот.

Мбапе веќе му соопштил на раководството на ПСЖ дека ќе помогне на клубот до јуни за да освојат што е можно повеќе титули, но нема шанси да остане.

Познатиот новинар пишува дека Мбапе нема да се премисли и ќе се приклучи на „кралевите“, кои веќе испратиле понуда до Париз.