Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Франција ќе се соочи против Португалија во четвртфиналето на Европското првенство (ЕП), а Килијан Мбапе зборуваше за неговиот идол Кристијано Роналдо.
Идол на Мбапе од мали нозе му бил Роналдо, а тоа го потврдуваат и многу фотографии кои се најдоа на интернет од собата на францускиот напаѓач.
„Роналдо е еден и единствен, нема да има друг Кристијано. Тој инсписираше цела генерација деца со своите голови и успеси. Неговата биографија јасно покажува за каков фудбалер станува збор, но се надевам дека утре ќе биде разочаран“, кажа Мбапе.