Мбапе сака да потпише договор со ПСЖ, но само под еден услов!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе уште не потпиша нов договор со ПСЖ за продолжување на соработката, па доколку тоа не се случи наскоро, тој би можел да замине целосно бесплатно следното лето.

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи кажа дека лично ќе преговара со Французинот за да ја продолжат соработката, а Мбапе веќе му поставил еден услов кој веднаш бил одбиен.

Мбапе побарал од ПСЖ да му биде поставена откупна клаузула, која би била достапна за Реал Мадрид затоа што сака таму да ја продолжи кариерата, но Ал-Келаифи веднаш го одбил барањето.

„Мбапе нема да го продадеме, ниту ќе замине како слободен фудбалер. Ова е негова земја. Тој има мисија да игра фудбал и да ја промовира државата“, кажа Ал-Келаифи.

Французинот го засили ПСЖ од Монако за сума од неверојатни 180 милиони евра.