Мбапе се договори со нов клуб – се чека само официјална потврда!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ова лето се очекуваат два големи трансфери во светот на фудбалот, а едниот од нив е Ерлинг Халанд, кој наводно се договори со Манчестер сити, додека Килијан Мбапе треба да се пресели во Реал Мадрид.

Францускиот напаѓач од лето ќе биде нов играч на „кралевите“, а по завршувањето на сезоната треба да се знаат деталите од договорот кои наводно Реал Мадрид и Мбапе веќе ги договориле.

Долго време се шпекулира дека Мбапе ќе се пресели во Мадрид, а новите информации покажуваат дека е завршена работа и Мбапе во нападот ќе му прави друштво на Карим Бензема.

Францускиот репрезентативец на почетокот на оваа година одби да го продолжи договорот со парижаните, а заинтересиран за него беше и Ливерпул, но сепак Реал беше поубедлив во преговорите.