Мбапе се договори со Реал Мадрид, од платата – „боли глава“!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе на крајот на сезоната ќе го напушти ПСЖ и ќе го облече дресот на Реал Мадрид, затоа што сака нов предизвик во кариерата, а очигледно постигнал и договор со шпанскиот гигант.

Мбапе одби неколку понуди од страна на парижаните и беше јасно дека ќе замине, а од почетокот на јануари имаше можност да преговара и со другите тимови, па таа шанса ја искористи Реал Мадрид.

Германски „Билд“ објави дека Мбапе и „кралевите“ се договориле и тој сигурно ќе ја продолжи кариерата во Шпанија, при што ќе стане еден од најплатените фудбалери во светот и ќе заработува 50 милиони евра годишно.

Реал Мадрид наскоро треба официјално да го потврди трансферот на Мбапе, кој од следното лето ќе го носи нивниот дрес.