Мбапе се пожали: Им најавив за трансферот, ме направија да се чувствувам како крадец!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


ПСЖ летово доби неколку понуди од Реал Мадрид за да го купи Килијан Мбапе, но трансферот не се реализираше бидејќи гигантот од Париз не прифати ниту една од нив.

Мбапе има договор со ПСЖ до крајот на сезоната и францускиот тим неколку пати му нудеше нов договор, но Французинот наводно не ги прифаќал понудите, па сега и самиот реши да реагира по овие приказни во медиумите.

„Не е вистина тоа што се пишуваше. Луѓето зборуваат дека сум одбил шест или седум пати понуди за нов договор, но тоа не е вистина. Веднаш сакав да заминам и го најавив тоа доволно рано за да можат да пронајдат замена за мене. Не ми се допаѓа тоа што го кажаа дека сум барал трансфер на крајот на август затоа што ме направија да се чувствувам како крадец“, кажа Мбапе.