Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Килијан Мбапе повторно жали затоа што останал во ПСЖ и сака да се пресели во Реал Мадрид, кој со години се обидува да го купи.
Мбапе минатото лето одбиваше да потпише нов договор со парижаните и беше блиску до трансфер во шпанскиот гигант, но на крајот се договори со претседателот на клубот, Насер Ал Келаифи.
„Марка“ објави дека Мбапе жали што останал во ПСЖ и сака да се пресели во Реал Мадрид, откако ќе заврши актуелната сезона.
Очигледно следи период исполнет со тензии меѓу ПСЖ и Мбапе, како и во изминатите години, но останува да видиме дали конечно ќе се пресели во Мадрид.