Мбапе си резервирал куќа во Мадрид!?

„Ел Чирингито“ објави дека францускиот напаѓач Килијан Мбапе наводно си резервирал куќа во Мадрид затоа што решил да потпише за Реал.

Шпанскиот медум пишува дека 25-годишниот Мбапе следното лето ќе се пресели кај „кралевите“, откако веќе еднаш ги „откачи“, по што претседателот на Реал, Флорентино Перез соопшти дека ова е последен напад по неговиот потпис.

Реал на 1 јануари испратил официјална понуда до францускиот фудбалери и поставил рок за конечна одлука до средината на јануари.

Мбапе има договор со парижаните до јуни 2024 година, па затоа од 1 јануари е слободен да преговара со останатите гиганти.

Французинот оваа сезона одигра 22 меча во сите натпреварувања и постигна дури 21 гол и две асистенции.