Мбапе синоќа го стигна Ибрахимовиќ, но никогаш нема да постави рекорд!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ПСЖ вчера славеше со 3-1 против Сент Етјен и направи чекор кон титулата, а два погодоци за гигантот постигна Килијан Мбапе и стигна до 156 голови во дресот на ПСЖ.

Мбапе има колку и Златан Ибрахимовиќ, па сега е израмнет на листата на најдобри стрелци на ПСЖ во историјата на второто место.

Французинот најверојатно ќе остане на втората позиција, затоа што на лето треба да се пресели во Реал Мадрид како слободен фудбалер.

Нема сомнеж дека за една или две сезони би се искачил на првото место, кое го држи Едисон Кавани со 200 голови.

Интересно е тоа што Нејмар и Ди Марија имаат по 91 постигнат гол и го делат петтото место на вечната листа.