Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Килијан Мбапе никогаш не криел дека е голем навивач на Реал Мадрид, а оваа изјава ќе го направи икона на Бернабеу.
Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, го даде првото интервју за шпанските медиуми од неговото пристигнување во редовите на Реал Мадрид.
Тој зборуваше во емисијата El Objetivo на La Sexta, кај водителката Ана Пастор, а емисијата беше најавена за 6. април.
Тоа што веќе ги освои симпатиите во светот на фудбалот, а особено кај навивачите на Реал Мадрид, е најавата за интервјуто во која се откри интересен дел.
Мбапе се отвори целосно според промотивниот материјал од емисијата кој кружи по шпанските медиуми.
„Сè што некогаш сум посакувал е да играм на Бернабеу, да го носам овој дрес и да ми се пее името по постигнатите голови и да бидам среќен“, започна Мбапе.