Мбапе со големо ветување до претседателот на Реал Мадрид

Килијан Мбапе беше претставен пред 85.000 навивачи на „Сантијаго Бернабеу“ како ново засилување на Реал Мадрид.

Францускиот напаѓач доаѓа во Мадрид откако му заврши договорот со ПСЖ, а веднаш му даде големо ветување на претседателот Флорентино Перез.

„Флорентино е важна личност во мојот живот која ми помогна мене и на моето семејство од првиот ден. Му благодарам. Ќе направам сè за да биде среќен. Тој е најдобриот претседател во светот“, кажа Мбапе.